Искусниот фудбалер Мајкил Антонио кој денеска имал сообраќајна несреќа, преживувал драма бидејќи според англиските медиуми, бил заробен во своето Ферари цели 45 минути пред да пристигнат пожарникарските екипи на местото и конечно да го ослободат.
Напаѓачот на Вест Хем имал повреди на двете нозе, и со хеликоптер бил префрлен во болница, а од клубот објавија дека тој е свесен и во стабилна состојба.
Истражните органи ја утврдуваат причината за несреќата, а според фотографија од местото на настанот се гледа голема материјална штета.