Нови главоболки за организаторот на ЛОИ: Натпреварите во триатлон одложени, реката Сена е загадена

Организаторот на Летните олимписки игри во Париз има нови главоболки, откако денешните натпревари во триатлон воопшто не се одржаа, а причина за тоа е екстремно загадената вода во реката Сена.

Испитувањата покажаа дека загадената вода може да им наштети на здравјето на спортистите, па здравствените власти забранија одржување на натпреварувањата. Ова проблем се провлекува уште од пред почетокот на игрите, но градоначалникот на Париз тогаш гарантираше дека водата ќе биде чиста, што сепак не се случи.

Натпреварите се преместени за утре, девојките во осум часот, а мажите во 10:45, но останува неизвесно дали квалитетот на водата ќе се подобро, а дополнителен проблем може да биде и најавеното невреме проследено со грмотевици.

- Оглас -

Најнови вести