Нови лоши вести за Ѓоковиќ

Светската АТП организација соопшти дека се откажани есенските турнири во Кина и тоа поради пандемијата со корона-вирусот. Оваа вест најмногу ќе го погоди Новак Ѓоковиќ, кој сезонава веќе не доби дозвола за настап во Австралија затоа што не е вакциниран, а сега ја пропушта и серијата турнири низ Северна Америка затоа што не смее да влезе во САД и Канада поради тоа што не е вакциниран. Тоа значи дека поголем дел од сезоната Србинот ја пропушта.

Кина зимоска беше организатор на Олимписките игри, но сите останати настани од меѓународен карактер беа одложени.

„Ова е веќе трета година да се откажува есенскиот дел од АТП тур во Кина. Турнирите кои се одржуваат во септември и октомври се откажани“, стои во соопштението од АТП.

Ова е трета сезона по ред турнирите да бидат откажани и во сите три ситуации причина е пандемијата. Последен пат турнирите во Кина се одржаа во 2019 година.

Мастерсот во Шангај требаше да се игра од 9 до 16 октомври, а потоа од 26 септември требаше да има уште еден турнир, а Пекинг требаше да биде домаќин на турнир од 3 до 9 октомври.

- Оглас -

Најнови вести