Нови победи на двата најдобри тима во НБА лигата, најслабата екипа повторно загуби

Само три меча се одиграа ноќеска во НБА лигата, а на победи се радуваа Бостон, Минесота и Орландо.  Бостон кој е тимот со најдобар скор сезонава, стигна до 45 победа во 57 меч, откако на гостински терен беше подобар од Њујорк со 116:102.

Браун со 30 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а одлични беа и Порзингис со 22 и Татум со 19 поени. вкупно шестмина гостински кошаркари имаа двоцифрен број на поени.

Минесота продолжува со одличните игри и стигна до 40-тата победа во 57 меч, што е доволно за најдобар биланс на Источната конференција. Волците пред своите навивачи славеа над Бруклин со 101:86, во меч на кој Едвардс даде 29 поени, а Таунс постигна еден поен помалку кај победничкиот тим.

Најнеизвесно беше во Детроит, каде Орландо победи со 112:109. Гостите водеа во најголемиот дел од мечот, во одреден период и со двоцифрене разлика, но Детроит во последната минута стигна до 109:109. Сепак, во клучниот напад, Орландо погоди и на крајот гостите се радуваа на триумф, а Деторит го претрпе дури 48 пораз во 56 меча со што овој тим останува да биде најслаб сезонаба во НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести