Нови правила во ПСЖ – Нејмар мора да научи француски јазик

Отсега во Пари Сен Жермен ќе се зборува само француски јазик, а кој не разбира, нека си земе часови и нека научи. Ова го порача спортскиот директор на Светците, Леонардо.

Најголем проблем околу ова ќе има ѕвездата Нејмар, кој иако две години е во парискиот клуб, не само што не знае француски, туку не се ни обидуваше досега да го научи јазикот. Веројатно планираше да си замине од ПСЖ и мислеше дека нема да му треба францускиот, но сега изгледа ќе мора да оди на часови по француски јазик.

„Ќе се зборува само на француски. Кој не разбора, нека си земе часови“, рекол Леонардо пред неколку недели на тренинг на којшто присуствувал и Нејмар.

Бразилецот кој откако против негова волја остана во ПСЖ, месецов веќе му донесе две победи на тимот, а околу незнаењето на францускиот досега се вадеше со изговор дека јазикот на фудбалот е универзален и дека го разбира јазикот на фудбалот. Со Килијан Мбапе се разбираат на шпански, а сите други странци во тимот учат француски бидејќи сепак играат во француски клуб и живеат во Франција.

- Оглас -

Најнови вести