Нови проблеми, Барселона и Чави може да останат без една од најголемите млади ѕвезди и наследник на Лео Меси

Екипата на Барселона имаше највисоки амбиции за претстојната сезона, но по поразот во Ел Класико од Реал Мадрид и речиси сигурната елиминација од Лигата на шампионите, почнаа да се редат проблемите во каталонскиот тим, а во центарот на вниманието на последниот потрес е една од најголемите млади ѕвезди и наследник на Лионел Меси, Ансу Фати.

Фати, кој по заминувањето на Меси во ПСЖ, ја доби неговата Десетка, во последните две сезони имаше големи проблеми со повредите, но сега кога се закрепна, се заканува со заминување доколку не добие поголема шанса.

Тренерот Чави Ернандес повеќе го држи Фати на клупата за резервни играчи и шанса да игра му дава на Осман Дембеле, поради што реагираше агентот на младиот фудбалер и веќе ѝ се закани на управата.

Според каталонските медиуми, Жорж Мендеш им порачал на челниците на Барселона, како и на тренерот Чави дека неговиот пулен на крајот од сезоната ќе си замине ако не се смени ситуацијата и младиот фудбалер не добие поголема минутажа.

Ансу Фати оваа сезона во дресот на Барселона настапи на 15 натпревари во кои само трипати беше стартер и има учинок од три постигнати гола и три асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести