Нови проблеми за Милан по првиот пораз во Калчото

Јувентус го доби дербито против Милан пред два дена, по што во Серија А веќе нема непоразени тимови. Со првиот негативен резултат наидоа нови проблеми во таборот на Росонерите.

Хакан Чалханоглу се здоби со повреда на глуждот од левата нога и неговиот настап е неизвесен во пресрет на мечот против Торино, кој е закажан за утре од 20:45 часот.

Турскиот репрезентативец ѝ се приклучи на болницата на „Сан Сиро“, односно на веќе отсутните Златан Ибрахимовиќ, Исмаил Бенасер и младиот Алексис Салемакерс, а воедно недостапни се Ребиќ и Круниќ, кои во пресрет на дербито против Бјанконерите беа позитивни на корона-вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести