Нови убедливи победи на Србија и Словенија, Богдановиќ и Дончиќ вистинсли лидери на своите селекции

Репрезентациите на Србија и на Словенија стигнаа до нови победи на Светското првенство во кошарка. Србија славеше над Порторико и веќе обезбеди место во следната фаза од Мундијалот.

Фаворитот тргна убедливо со 8:0, а во првата четвртина Србите стигнаа до предност и од 18 поени (25:7). Со одлична игра фаворитот продолжи и во втората четвртина, кога стигнаа и до најубедливата предност од 32 поени предност (53:21). Пад во играта на Србија имаше во третата четвртина, кога Порторико ја преполови негативата на 15 поени (58:73), но до крајот на мечот Србите не дозволија разликата да падне на едноцифрена предност и на крајот стигнаа до сигурна победа. Богдан Богдановиќ и Никола Јовиќ постигнаа по 17 поени и беа најефикасни во составот на Србија.

Лука Дончиќ и во вториот меч на Мундиијалот беше незадржлив и постигна 34 поени во победата над Грузија. Водеше Словенија со 14:2, а по првата четвртина Грузија беше во предност од 17:16. До резултат 32:33 траеше отпорот на Грузија, а потоа Словенија со низа од 12:0 стигна до 45:32, пред крајот на првото полувреме.

Во второто полурвеме, Словенија во ниту еден момент не дозовли да ја загрози победата, па на крајот останува во третото коло да слават и над Зеленортски острови и со максимални три победи да одат во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести