Новиот Андреа Пирло од понеделник ќе биде дел од миланскиот гигант!?

Бреша сезонава не успеа да се спаси и испадна од Серија А, но сепак има нешто позитивно во целата оваа разочарувачка сезона. Талентираниот Сандро Тонали го покажа својот квалитет и веднаш стана цел на повеќе европски клубови. Јувентус и Пари Сен Жермен се надеваа дека ќе го добијат потписот на креативецот на Бреша, но многу веројатно е дека Тонали на крајот ќе заврши во Милано.

Интер е клубот кој го даде играчот за врска во своите редови, но досега проблем беше сумата која ја бараше Бреша. Според последните пишувања, челниците на Бреша се согласиле да ја намалат откупната клаузула на Тонали и таа сега изнесува 35 милиони евра. Тоа е сума која треба да е прифатлива за Нераѕурите, па до понеделник се очекува да има комплетирање на договорот.

По начинот на игра, Тонали го доби прекарот новиот Андреа Пирло. Тој ги има договорено личните услови со Интер, каде што ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, а договорот треба да биде до 2024 година. Сезонава Тонали имаше седум асистенции и еден гол во Серија А за екипата на Бреша.

 

- Оглас -

Најнови вести