Новиот Балотели влегува во историјата на „аѕурите“

Црномурестиот напаѓач, Моис Кин, вечерва во Удине против Финска во мечот од квалификациите за ЕП 2020, ќе стане првиот фудбалер роден во 2000 година, што заиграл во почетниот состав на италијанската репрезентација. Селекторот Роберто Манчини од првата минута ќе му даде шанса на младиот играч на Јувентус.

За 19-годишниот Кин, ова ќе биде втор настап за сениорската репрезентација на Италија, откако дебитираше во ноември. Но, сега првпат ќе биде меѓу почетните 11, и ќе треба да ја пополни празнината по отсуствата на повредените Инсиње, Кјеза и Флоренци.

„На Кин му фали искуство, но физички е силен, и ако игра слободно без страв, може многу да помогне. Има голема желба за давање голови, верувам дека ќе внесе радост во тимот. Идејата ни е да играме убаво и да даваме голови“ – најави Манчини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести