Новиот Дончиќ си замина од Реал, ќе игра за Цедевита Олимпија

Дан Душчак ќе игра во следните 4 сезони за Цедевита Олимпија, а во клубот од родната земја пристигна од редовите на Реал Мадрид.

Душчак, за кого велат дека е новиот Лука Дончиќ, потпиша четиригодишен договор со популарните Змајчеки откако претходно три сезони беше член на Реал Мадрид.

Кај Кралевите пристигна како 15-годишно момче и беше член на јуниорскиот тим на Реал Мадрид. Од него најтрофејниот европски клуб очекуваше да биде новиот Дончиќ, а лани дури и му дадоа шанса да дебитира за тимот А.

Душчак играше за Реал во Евролигата, но сепак како што вели самиот не добиваше доволно простор и шанса во Мадрид и одлучи да се врати во родната земја и да игра за Цедевита Олимпија.

Дан има 18 години и е висок 185 сантиметри и игра на бековската позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести