Новиот дрес на Ривер ја налути ерменската заедница во Аргентина

Ерменците кои живеат во Аргентина, а ги има во поприлично сериозен број, се налутија што фудбалскиот клуб Ривер плејт, одлучи да потпише договор со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“, чие име ќе стои на предната страна на дресот. Ривер од Турците ќе земе 10 милиони долари.

Проблемот за ерменската заедница во Аргентина е што оваа компанија е „слика и прилика“ на актуелната турска влада и режимот на Реџеп Таип Ердоган, кој според нив, го „користи фудбалот за да ги сокрие прекршувањата на човековите права во таа земја“. Ерменците имаат историски несогласувања со Турција, и затоа не им се допаѓа соработката на Ривер со компанија е во сопстеност на државата Турција.

Првиот човек на Ривер, Родоло Д`Онофрио, не гледа проблем.

„Турција е призната од Аргентина, Турција има амбасада во Буенос Аирес, турскиот претседател беше тука на Г-20 состанокот. Турските авиони слетуваат на аеродром на кој главниот акционер е со ерменско потекло. Не гледам зошто Ривер не бил го носел името на Тиркиш ерлајнс на дресот. Ова е добро и за дрѓавата Аргентина, ќе ни доаѓаат повеќе туристи од Европа“ – изјави претседателот на „милионерите“ кои се актуелни прваци на Јужна Америка.

- Оглас -

Најнови вести