Новиот голман на Арсенал пристигна со пепелта од неговиот мртов дедо за да го потпише договорот (Видео)

Голманот Арон Рамсдејл е ново засилување на Арсенал. Досегашниот чувар на мрежата на Шефилд јунајтед потпиша повеќегодишен договор, а трансферот е вреден 30 милиони евра.

Минатата сезона Шефилд испадна од Премиер лигата, но Рамсдејл бранеше одлично, па го привлече вниманието на повеќе клубови, а од денеска е член на Арсенал. При официјалниот потпис со Топчиите, Рамсдејл беше со целото свое семејство, а во рацете држеше една кутија.

Подоцна голманот откри дека во таа кутија е дел од пепелта на неговиот починат дедо, а објасни и зошто решил да ја земе при потпишувањето на договорот.

„Мојто дедо умрел на денот кога мајка ми дознала дека е трудна со мене. Се викал Рон и затоа јас го имам добиено името по него. Кога умрел, решиле да го кремираат и еден дел од пепелта ја задржале во семејството. Татко ми ја носи таа пепел на секој мој меч“, откри Арон Рамсдејл, кој во Арсенал ќе го носи дресот со бројот 32.

 

- Оглас -

Најнови вести