Новиот Хабиб покажа дека е главната ѕвезда во УФЦ (Видео)

Ислам Махачев го доби прекарот „новиот Хабиб“, а рускиот борец во рингот покажува дека го оправдува тој епитет. Во лесна категорија од УФЦ верзијата, Махачев уште во првата рунда го победи Дан Хукер од Норвешка. Махачев изведе одличен зафат и за малку ќе му ја скршеше раката на противникот, па судијата мораше да бара прекин на борбата. За пуленот на Хабиб ова беше девета победа во УФЦ.

Во полутешка категорија, Бразилецот Гловер Тешеира изненадувачки го победи Полјакот Јан Блачовик и стана вториот најстар шампион во УФЦ историјата. Тешеира има 42 години, а во текот на целиот меч доминираше, па на крајот заслужено стигна до шампионскиот појас. Клучниот момент на мечот беше кога Бразилецот го фати противникот за врат и со „гушење“ го принуди да има прекин на борбата.

- Оглас -

Најнови вести