Новиот играч на Ливерпул не му додаде на капитенот, и му се случи нешто што стана хит (Видео)

Ливерпул вчера го победи Штутгарт со 3-0 во пријателски меч, а средбата ја одбележа еден момент кога новиот член на Црвените, левиот бек Костас Цимикас, можеше да ја додаде топката до капитенот Џејмс Милнер кој се отвораше по лево крило, но Гркот наместо тоа, топката ја испрати на друго место.

Милнер кога сфати дека доби „корпа“ од Гркот, изненадено и гласно искоментира: „Костас, што еб… правиш по ѓаволите“. И коментаторите кои го пренесуваа дуелот се насмеаја. Веројатно после ова Костас ќе треба повеќе да почитува хиерархија и ќе треба да ја подаде топката во вакви ситуации.

Инаку, во тимот на Швабите играше и нашиот Дарко Чурлинов.

Погледнете и слушнете зошто Милнер се налути:

https://twitter.com/i/status/1297228150812925953

- Оглас -

Најнови вести