Новиот играч на Милан во минатото имаше „близок контакт“ со Ибрахимовиќ (Видео)

Данскиот фудбалер Симон Кјер денеска и официјално стана нов член на Милан. Кјер е играч на Севилја, па во Милан е позајмен откако имаше неуспешна позајмица во Аталанта. Во новата средина ќе го носи дресот со бројот 24.

Но, интересно е што соиграч во Милан ќе му биде Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, со кого за малку ќе се степаа пред четири години. Тогаш Ибра беше во Манчестер јунајтед, а Кјер играше за Фенербахче и имаа еден жесток дуел. Златан го фати Кјер за врат и почна да го дави.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=43&v=uVUI8gMBrSU&feature=emb_logo

- Оглас -

Најнови вести