Новиот играч на Тотенхем поради суспензија ќе почека за дебито

Фудбалската асоцијација на Англија му одреди суспензија од еден натпревар на Ришарлисон, новиот играч на Тотенхем, поради фрлање факел за време на натпревар додека беше член на Евертон.

Станува збор за дуелот меѓу Евертон и Челзи кој домаќините го добија со 1-0 токму со голот на Ришарлисон. Таа победа беше значајна за Карамелите бидејќи направија голем чекор кон опстанок. Во моментот кога Ришарлисон ја затресе мрежата на Челзи, од трибините излета на теренот син факел, а Бразилецот го зеде да прослави и го фрли назад еуфорично.

Поради тоа, дебито во дресот на Тотенхем ќе може да го оствари дури во второто коло од Премиер лигата, во градското дерби против Челзи. Воведниот дуел против Саутхемптон во новата сезона ќе го проследи од трибините.

- Оглас -

Најнови вести