Новиот клуб му посака добредојде на Манџукиќ, а од Јувентус не доби ниту едно благодарам

Марио Манџукиќ ќе ја продолжи кариерата во катарскиот клуб Ал-Духаил. Хрватот таму ќе игра заедно со некогашниот соиграч од Јувентус, Мехди Бенатија, а дури вчера го стави потписот на договорот.

Ал-Дуахил му посака добредојде на поранешниот играч на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, но затоа од Јувентус не доби ниту едно благодарам. На ниту една од страниците на Јувентус на социјалните мрежи никаде не пишува дека Манџукиќ повеќе не е дел од тој тим, како да не играл за Старата дама во изминативе четири и пол години.

Но, важно е што агонијата за Марио заврши. Хрватскиот голгетер оваа сезона не се појави на терените откако тренерот Сари буквално го отпиша од употреба, а извесно време тренираше одделно од остатокот од првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести