Новиот Пирло игра во Серија Б и доби повик за настап во репрезентацијата на Италија

Сандро Тонали е новиот Андреа Пирло, го споредуваат во стилот на игра со италијанската легенда, а со добрите настапи за Бреша, во Серија Б, го заслужи повикот на селекторот Роберто Манчини.

Малку и изненадувачки, но Тонели ќе биде во конкуренција за деби настап за „Аѕурите“ во Лигата на Нации против Португалија, а потоа и против САД на пријателски меч.

За првпат повик добија и Грифо од Хофенхајм и Сенси од Сасуоло, а Манчини одлучи да ги изостави Балотели и Белоти.

Против Португалија како домаќини, Италијанците ќе играат на „Сан Сиро“ во Милано на 17. ноември, а три дена подоцна ривал на пријателски меч ќе им биде селекцијата на САД.

- Оглас -

Најнови вести