Новиот спортски директор во ПСЖ комплетира четири мега засилувања, едното е на клупата

Луис Кампос е човекот кој дојде на местото спортски директор во Пари Сен Жермен на местото на Леонардо и засега се покажува како одличен потег. Кампос меѓу Светците го носи Витиња од Порто за трансфер од 40 милиони евра, кој на 47 меча во минатата сезона имаше четири гола и пет асистенции.

Во најава е дека на „Паркот на принцовите“ треба да пристигнат и Ренато Санчез од Лил, Милан Шкринијар од Интер, а на тренерското столче да седне прославениот Зинедин Зидан.

Едноставно ПСЖ уште повеќе се засилува во пресрет на новата сезона, во која сигурно дека главна цел ќе им биде атак на титулата во Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести