Новиот тренер на Ал Ахли верува во Џани, Алиоски стартер покрај Фирмино, Марез и Менди

Саудиски Ал Ахли во пријателски меч го победи катарски Шамал со 5-0, а во почетниот состав на Ал Ахли беше Езџан Алиоски.

Алиоски се најде меѓу стартерите во својот тим и покрај себе имаше неколку познати имиња со искуство од Премиер лигата, како Роберто Фирмино, Едуард Менди, Ријад Марез и Алан Сен Максимен кој дојде од Њукасл. Фирмино даде два гола, а и Французинот Сен Максимен се запиша во листата на стрелци.

Тренер на Ал Ахли е 35-годишниот Германец Матијас Јаисле, кој во минатата сезона го водеше австриски Салцбург.

Иако имаше најави дека Алиоски сигурно ќе си оди, сепак денешниот меч и вклучувањето на Џани во почетните 11 покажува дека Јаисле не планира толку лесно да се откаже од македонскиот лев бек.

- Оглас -

Најнови вести