Ново епско чудо на Партизан: Вторпат во низа победува, откако губи со 2-0 (Видео)

Фудбалерите на Партизан вторпат по ред успеаја да направат чудо и да победат, откако ќе губат со 2-0. Минатото коло, пред паузата, губеа со 2-0 од ИМТ, а победија со 2-3 со гол во судиското продолжение. Исто сценарио и денес, но овојпат на домашен терен.

Радник од Сурдулица имаше големи 0-2 после само 27 минути игра во Белград. Во 43-тата минута Партизан доби и црвен картон, а само пет минути претходно ВАР му поништи и гол.

Сепак, во второто полувреме следува комплетен пресврт. Захид во 61-вата минута намалува на 1-2, а Салдиња во 81-вата и Начо во 93-тата, и двајцата од пенал, прават комплетен пресврт и носат победа за Партизан со која ја мина Црвена Звезда на табелата во српското првенство.

- Оглас -

Најнови вести