Влезот на Салернитана во Серија А по пауза од 23 години е главна вест во италијанските спортски медиуми. Во градот Салерно, кој се наоѓа во јужниот дел на Италија, по улиците се слави успехот, а во еуфоријата, навивачите упатија и навреди и провокации кон Наполи и Неапол, кој е во близина на Салерно.
Снимката на која се гледа и се слуша како навивачите викаат „Кој не скока, тој е за Наполи“, „Го мразиме Наполи“ и „Ќе се видиме на дербито“, имало навреди и за покојниот Диего Марадона, предизвика жестоки конфронтации на социјалните мрежи и изгледа дуелите на Салернитана и Наполи во следната сезона ќе бидат напнати.
Сепак, меѓу Наполитанците има и такви кои велат дека дуелот со Салернитана не може да се нарече дерби бидејќи не се од ист град и дека само едната страна мисли дека тоа ќе биде дерби, од Салерно кон Неапол, а за Наполи мечевите со Салернитана ќе бидат обични како и секој друг.