Новото, 28-мо коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, носи нови 13 интересни натпревари кои ќе бидат вистински предизвик за играчите, но и шанса за одлични подароци.
Шест од натпреварите се играат во сабота, а останатите седум во недела. По првенства, најмногу натпревари, по четири, има од италијанската Серија А и англиската Премиер лига. По два дуели се од Ла Лига и Бундеслигата, додека еден меч е од француското првенство.
Најголемо внимание привлекуваат натпреварите Астон вила – Њукасл од Премиер лигата, како и Милан – Аталанта од Серија А.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.