Ново предавство во Неапол: Милик оди по стапките на Игуаин

Аркадјуш Милик, напаѓачот на Наполи, во следниот преоден рок би можел да го засили тимот на Јувенутс. Доколку клубовите договорат трансфер, ќе се случи ново предавство во Неапол како пред четири години, кога Гонзало Игуаин за 90 милиони евра го облече дресот на Бјанконерите.

Токму Милик пристигна на местото на Аргентинецот, па се покажа во добро светло иако доста долго се мачеше со тешка повреда на коленото. Полјакот наводно одбил да преговара за нов договор со актуелниот вицепрвак на Италија, што за Јувентус значи шанса да го ангажира и тоа за доста прифатлива цена. Знаејќи дека ова лето Милик ќе влезе во последната година од договорот, Јувентус планира да понуди до 30 милиони евра.

Доста интересно е што Милик повторно би ја имал улогата како заменик на Игуаин, кој би требало да биде еден од играчите на Јуве од кои ќе се заработува, за да се обезбеди буџет за нови засилувања.

- Оглас -

Најнови вести