Ново признание за Лео Меси (Видео+Фото)

Лео Меси во Аргентина е Бог. Нова манифестација и ново признание за него во својата татковина. На „Ноќта на ѕвездите“ на Меси му беше посветена песна, а ја доби и „палката на фудбалот“ од претседателот на Јужноамериканската фудбалска федерација, КОНМЕБОЛ.

Меси беше емотивен додека ја слушаше изведбата на песната посветена на него, а пушти и некоја солза. За потсетување, и Марадона доби своја песна по освојувањето на Светското првенство, „Божјата рака“.

На манифестацијата „Ноќ на ѕвездите“, Меси симболично доби и награда од Претседателот на КОНМЕБОЛ – „палка на фудбалот“, што веројатно има големо значење за фудбалерот како човек кој го „води“ денешниот модерен фудбал.

- Оглас -

Најнови вести