Ново шоу на Дончиќ, во плејофот се случи и првата „метла“ (видео)

Лука Дончиќ одигра уште една маестрална партија, а неговиот Далас лесно славеше над Јута џез со 102:77, во петиот меч од плејофот на НБА-лигата. Со овој триумф Далас поведе со 3:2 во серијата и сега е само на еден триумф до пласман во следната фаза од разигрувањето за титулата.

Словенецот, кој е прва ѕвезда во Далас, имаше 33 поени, 13 скока и пет асистенции во меч на кој Далас водеше од почетокот, па до крајот на средбата. Домаќинот поведе со 18:9, а пред крајот на втората четвртина стигна и до предност од 20 разлика (52:32). Водството на Далас стигна и до 33 поени (81:49) и последните 10-тина минути беа само формалност.

Дончиќ стана петиот најбрз играч кој стигнал до 10 меча во плејофот на кои имал 30+ поени.

Торонто ја изненади Филаделфија и славеше на гости со 103:88, па Рептилите намалија на 3:2 во победи и сега на свој терен може да стигнат до нов триумф и да играат мајсторка.

Бостон е првиот тим сезонава кој даде „метла“ во плјеофот откако со 4:0 го елиминираше Бруклин. Селтикс на гости беа поуспешни со 116:112, па веќе го чекаат следниот пртивник во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести