Ново шоу на Меси во МЛС-лигата, два гола и асистенција за триумф на Интер Мајами

Фудбалерите на Интер Мајами се вратија на победничките патеки откако утринава со 3:1 го совладаа Нешвил. Лионел Меси повторно беше одличен, постигна два гола, и му асистираше на Серхио Бускетс при вториот гол за Интер.

Мечот започна лошо за играчите на Интер Мајами бидејќи Негри уште во втората минута си постигна автогол. Но, само девет минути подоцна, Лионел Меси одбиената топка по шутот на Луис Суарез ја смести во мрежата на противничкиот голман и израмни на 1:1.

Во финишот од првиот дел, Аргентинецот се најде во улога на асистент за својот поранешен соиграч од Барселона, Серхио Бускетс кој погоди за 2:1 за Интер Мајами.
Конечниот резултат беше поставен во финишот, во 81-та минута кога Меси ги даде својот втор гол на натпреварот.

 

Со победата, Интер Мајами се искачи на лидерската позиција на табелата во Источната конференција со 18 бода, но Њујорк Ред Бул има натпревар помалку.

Со двата гола, Меси се искачи на второто место на листата на најдобри стрелци со вкупно седум постигнати голови, пред него е само Аранго од Солт Лејк кој има постигнато еден гол повеќе од Аргентинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести