Ново ураганско продолжение на Каролина

Каролина продолжи со победи против фаворитите, а само 48 часа по елиминацијата на шампионот Вашингтон, ја забележа првата победа на стартот од плејоф серијата со Њујорк ајландерс.

Популарните Урагани од Каролина го одиграа првиот меч во клупската историја што завршил 0:0 во плејоф серија, а славеа на гости со погодокот на Џордан Стал во петтата минута од првото продолжение.

И тоа го сторија само два дена, откако на сличен начин, во продолжение, но во седми меч го елиминираа шампионот Вашингтон визардс.

Во слична ситуација се и Ајкулите од Сан Хозе, но тие славеа многу поубедливо против Колорадо авеланш. По исцрпувачката стартна серија против ланскиот финалист Вегас Голден најтс и победата во мајсторка за пласман понатаму, ноќеска Сан Хозе го декласира Колорадо со 5:2 на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести