Караоке шоу се претвори во хорор филм – Боксерски шампион за влакно избегна смртоносна прегратка

Аргентинскиот боксерски шампион Хорхе Родриго Бариос преживеа новогодишен хорор, откако најмалку трипати бил прободен со нож од засега непознат напаѓач.

Бариос бил со семејството во бар на караоке шоу кога непознат човек му пришол и го загрнал, но потоа нешто што изгледало како новогодишна прегратка се претвори во опасен напад.

Напаѓачот го прободел екс-шампионот со нож, најмалку трипати, а притоа му го украл и новчаникот и мобилниот телефон.

Бариос заврши во болница со повреди на рамото, градите и десната рака. Се шпекулира дека напаѓачот се одмаздувал за инцидент од пред 10 години. Боксерскиот шампион учествувал во сообраќајна несреќа, при која настрадала жена што го загубила детето, а дел од медиумите посочуваат дека напаѓачот изговорил „дека ова е за детето што го уби“ при нападот при кој го прободе Бариос со нож за Нова година.

Аргентинецот има 43 години во кариерата забележа 53 победи и само 4 порази, а беше светски првак во ВБО верзијата во суперлесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести