Фудбалската федерација на Македонија на хепенинг пред Куќата на фудбалот и официјално го претстави новиот партнер. Се работи за компанијата „Новоматик Македонија“, а договорот е потпишан на две години и е со вредност од еден милион евра.
„’Новоматик Македонија’ станува горд партнер и поддржувач на ФФМ и на нашата фудбалска репрезентација. Горди сме што добиваме партнер кој отсекогаш ги поддржувал спортските проекти во Македонија и, пред сè, со општествена одговорност кон фудбалот. Оваа соработка не е само спонзорство, тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба за нови спортски успеси. Ова партнерство е доказ за нашата посветеност, но и нови можности за нашата екипа и за нашите навивачи. ФФМ никогаш досега во својата историја немала ваков обем на финансиска поддршка и треба да бидеме горди што во нецели два месеца успеавме да привлечеме сериозни компании. Јас можам само да ви ветам дека ќе продолжиме во таа насока бидејќи тоа е важно не само за ФФМ туку и за сите клубови. Со поддршката ќе можеме да инвестираме во развојот на нашиот фудбал, подобрување на инфраструктурата, унапредување на младинскиот фудбал и организирањето на уште поквалитетни натпреварувања. Благодарност до ‘Новоматик Македонија’, знам дека со цело срце ќе ја бордите македонската репрезентација и заеднички ќе се радуваме на победите“, рече Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.