Новопечениот македонски репрезентативец на чекор да стане континентален првак!

Дани Мусовски со тимот на Лос Анџелес се пласираше во финалето на Лигата на шампиони во КОНКАКАФ зоната, откако ноќеска со 3:1 славеше во дуелот со тимот на Америка од Мексико. Мусовски е фудбалер кој има македонски корени и изрази желба да настапува за нашата репрезентација, па се чека да добие македонско државјанство, за да може да дебитира во националниот тим.

Новопечениот македонски репрезентативец кој игра во нападот, беше стартер за Лос Анџелес и го одигра првото полувреме, во кое Америка имаше предност од 0:1. Во вториот дел Лос Анџелес со двата гола на Карлос Вела и погодокот на Блесинг направи комплетен пресврт и се пласираше во финалето.

Во битка за континенталниот трон, Лос Анџелес ќе игра против тимот на Тигрес од Мексико кој без поголеми проблеми со 3:0 ја победи Олимпија од Хондурас. Победникот во ова финале ќе обебеди место на Светското клупско првенство кое ќе се игра во февруари.

Лос Анџелес направи подвиг и е првиот тим кој успеал да елиминира дури три мексикански противници, за да стигне до големото финале.

- Оглас -

Најнови вести