Новото дерби во Италија ќе биде најпредизвикувачко за играње во 23-тото коло од Спортска прогноза

Паровите за новото, 23-то коло од Спортска прогноза се тука и веќе може да се типуваат.

Како и секогаш, 13-те парови заедно со резервните две средби се тука, а тој прогнозер што ќе ги погоди сите 13 главни натпревари, за подарок ќе си добие прекрасен „ајфон 12“.

Првиот натпревар од ова коло се игра во стандардниот бундеслигашки термин, сабота во 15:30 часот, каде што ќе се сретнат Гројтер Фирт и Херта. Голем предизвик за играчите ќе биде да се погоди исходот на големото италијанско дерби меѓу Наполи и Интер, кое е закажано за во сабота од 18:00 часот.

Ништо помалку интересна нема да биде ни средбата меѓу Аталанта и Јувентус, која е закажана за во недела од 20:45 часот.

Колото ќе го затворат Мајорка и Атлетик Билбао со меч во понеделник од 21:00 часот.

Покрај прекрасниот „ајфон 12“, кој е во игра секое коло, на крајот од сезоната за најдобриот прогнозер има подарок Смарт ТВ со 48 инчи. Најблиску до такво нешто во моментов е Христијан Т., којшто има 161 бод, пред Живко Д., кој е втор со 158, односно Саша Т. со 157 бодови.

Како што е добро познато, оваа игра во режија на Sport Life и Спорт Манија е бесплатна, а сè што треба да направите е да имате SL картичка, којашто исто така е бесплатна, а доколку ја немате, можете да аплицирате во кој било уплатен објект на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести