Новото дете во Реал, собираше топки за Иско во Малага

Брахим Дијас кој денеска ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид, а во сезоната 2011/2012, како член на академијата на Малага, собираше топки покрај аут-линијата на „Ла Росаледа“. Во тоа време главен играч на Малага беше Иско, кој сега ќе му биде клупски колега.

Брахим кој има 19 години, во Реал дојде од Манчестер сити, и важи за еден од најдобрите играчи во Европа на таа возраст. Додека Брахим собраше топки во Малага како 12-годишен, за првиот тим играа Иско, Касорла, Ван Нистелрој, Хоакин, Демикелис, Монреал, Тулалан, и го однесоа тимот во Лигата на шампионите.

Негов идол е Иско, кој сега е резерва во Реал. Ова значи дека Иско добива уште еден пријател во соблекувалната, а интересно ќе биде да се види како срамежливиот тинејџер ќе се снајде во друштво на ветерани и играчи кои освоиле сè.

Договорот му е потпишан до 2025 година, вреди 17,3 милиони евра. Шанса да дебитира можеби ќе добие уште в среда во Купот против Леганес.

- Оглас -

Најнови вести