Новото коло на Спортска прогноза повторно го носи најголемото англиско дерби

Ливерпул и Манчестер јунајтед одиграа без голови изминатиов викенд во меч од Премиер лигата, а сега повторно се подготвува нивна пресметка. В недела, улогите ќе бидат заменети. Манчестер јунајтед ќе биде домаќин на „Олд Трафорд“ и тоа во дуел од ФА Купот.

Ждрепката во најстарото клупско натпреварување во светот сакаше, најтрофејните англиски клубови да играат меѓу себе уште во 1/16-финалето од Купот, а тоа е уште еден предизвик за сите играчи на Спортска прогноза. Ова дерби е само еден од 13-те средби кои се на најновата понуда за прогнозирање, каде може да станете сопственик на мобилен телефон Ајфон 11.

За освојување на главната премија, потребно е да погодите Среќна 13-ка, односно да ги имате точно погодено фиксовите на сите 13 понудени парови. Подароци има и за оние кои ќе имаат само по една или две промашени. За 12 погодени добивате вредносн ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари во Sport Life. Ако се знае дека оваа игра е бесплатна и треба само да сте член на Sport Life клубот за да учествувате, тогаш едноставно вреди да се обидете да прогнозирате.

Проверете кои се најновите парови од ова коло и прогнозирајте.

Со среќа!

- Оглас -

Најнови вести