Новото кошаркарско чудо не го остави рамнодушен ниту Леброн: Тој е вонземјанин (ВИДЕО)

Гостувањето на француската кошаркарска екипа Метрополитенс 92 во САД поминува во знакот на 18-годишниот Виктор Вембанјама за кого експертите предвидуваат дека ќе биде иден прв избор на НБА драфтот, и уште сега ги импресионира најголемите кошаркарски ѕвезди.

На првиот натпревар против тимот сотавен од најдобри кошаркари во развојната Г лига, 220 сантиметри високиот Вембанјама постигна 37 поени и имаше 5 блокади, а на вториот дуел имаше учинок од 36 поени, 11 скокови и по четири асистенции и блокади.

Французите на вториот дуел славеа со 112:106 благодарение на пресвртот во последната четвртина, а овој натпревар во живот го следеше и најголемата НБА ѕвезда, Леброн Џејмс.

Кошаркарот на ЛА Лејкерс е импресиониран од Вембанјама за кого предвидуваат дека ќе биде прв избор на драфтот идната година.

„Тој е уникатен, тој е вонземјанин. Мислам дека тој е вистинскиот генерациски играч, Виктор е една категорија над сите“, рече Џејмс.

 

- Оглас -

Најнови вести