Новото „нормално“ – за првпат фудбалер играше со маска на лицето!

На натпреварот од Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) помеѓу Олимпија од Хондурас и Монтреал импакт од Канада на теренот се појави фудбалер кој на лицето носеше маска за заштита од корона-вирусот.

Фудбалерот кој го привлече вниманието се вика Џери Бенгстон, има 33 години и е капитен на Олимпија. Иако сите протоколи се почитуваат, препораката е играчите да не носат маски, а и мечевите се играат во „меур“ во Орландо, Бенгстон 76 минути играше со маска. Изгледа маската не му пречеше многу во играњето бидејќи во првото полувреме имаше две шанси за гол.

Ваква спортска, но најлонска маска некогаш носат маратонци и велосипедисти, но многумина се зачудија што Џери реши да игра со таква заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести