Њу Ингланд патриотс меѓу мажоретките ќе има и двајца мажи

Славниот НФЛ клуб, Њу Ингланд патриотс, кој е и актуелен првак во лигата во американски фудбал, во следната сезона во танчерската група, ќе има и двајца машки.

На аудицијата, 23-годишниот Дрис Далахи и 22-годишниот Стивен Сонтаг, ги задоволија критериумите, па беа избрани да бидат меѓу 14-те нови чирлидер(к)и кои ќе ја забавуваат публиката на паузите.

Патриотс повеќе од 40 години немале мажи меѓу мажоретките. Но, и во денешно време во НФЛ ова не е новина. Лос Анџелес рамс има двајца машки професионални чирлидери, а прв маж танчер во НФЛ е Џеси Ернандес од Њу Орлеанс сеинтс.

Од друга страна, за рамноправноста на половите лигата се бори и со вклучување на сè поголем број на директори и генерални менаџери кои се од женскиот пол.

- Оглас -

Најнови вести