Њу Орлеанс не смее да загуби девет меча по ред, Харден ќе биде „минус“

Индијана пејсерс – ЛА клиперс (01ч, НБА лига)

Пол Џорџ за првпат како член на Клиперс се враќа во Индијанаполис, каде што ноќеска ќе треба да го совлада тимот кој му ги отвори вратите во НБА лигата. Можеби ќе биде пријатно пречекан од публиката, но Пејсерс се подготвени да му покажат дека имаат квалитет и без него, иако со Џорџ во редовите беа далеку поконкурентни.

Ноќеска домаќините ќе бидат десеткувани, Виктор Оладипо уште не е подготвен за настап, а без најдобриот поединец тешко може да се надигра вториот најефикасен тим од Западната конференција. Двете екипи во овој меч ќе влезат со идентична форма, односно со скор 3-2 во последните пет меча. Што се однесува за меѓусебните дуели, Индијана доби пет од последните шест средби против Клиперс, додека тимот од Калифорнија повеќе од три години нема победено во Индијанаполис, но време е да се сменат работите.

Предлог тип: 2 (2.0)

 

Кевин Лав (Бостон селтикс – Кливленд кавалирс – 01:30ч, НБА лига)

Лав ја игра можеби најслабата сезона според учинок откако го доби статусот на ѕвезда во НБА лигата. Секако, за тоа придонес има и слабиот ростер на Кливленд, а Лав веќе ја нема претпознатливата игра од пред неколку години. Повредите и годините си го направија своето, исто како и распадот на франшизата по заминувањето на Џејмс и Ирвинг.

Како еден од лидерите на Кливленд, Лав просечно реализира по 16 поени по натпревар, а ноќеска гостува кај вториот најефикасен состав од Истокот. Целта на Бостон е да се следи чекорот со Милвоки, па затоа треба да остварат лесна победа против тимот кој загуби 12 од последните 13 меча. Еден Лав не ќе може сам да се надигрува со младите сили на Селтикс, затоа ќе типуваме дека ќе постигне помалку поени од вообичаениот просек.

Предлог тип: К. Лав <15,5 поени (1.87)

 

Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Сакраменто кингс – 02ч, НБА лига)

Се чувствува пад во играта на Харден, особено што од него редовно се очекува да биде прв стрелец на Ракетите. Иако Хјустон држи победнички ритам, Брадата веќе не е на исто ниво како пред еден месец, кога речиси секој натпревар го завршуваше со 40 или повеќе поени. Точно е дека пред пет дена на Сан Антонио им даде 50 поени, но сепак не обезбеди триумф за неговиот тим, што значи дека не е семоќен.

Во „Тојота центарот“ ноќеска гостува Сакраменто, а Кралевите се доста мотивирани да приредат уште едно изненадување откако ги совладаа Маверикс среде Далас. И да не се случи тоа, јасно е дека Сакраменто нема да се предаде без борба, а до посакуван резултат може да дојдат само ако го спречат Харден.

Предлог тип: Џ, Харден <37,5 поени (1.87)

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Орландо меџик – 02ч, НБА лига)

Адетокумбо на најдобар можен начин ја оправдува наградата за МВП, и фактот што повторно е фаворит да биде најкорисен играч во лигата. Го носи Милвоки кон нови успеси, а меѓу најдобрите е моменталната серија од 14 последователни победи, која може да се продолжи и по овој дуел со Орландо.

Во последните три меча кои ги одигра Адетокумбо против Орландо, на два од нив оствари дабл-дабл, а вообичаено е најефикасен играч на Милвоки, така што се очекува блескаво издание од неговата страна за да продолжи походот на неговиот тим.

Предлог тип: Ј. Адетокумбо >29,5 поени (1.87)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Детроит пистонс (02ч, НБА лига)

Пеликаните се во кризен период, ги загубија последните осум меча, но се чини дека е време да кренат глава и да се помачат за да се стави крај на негативната серија. Иако Детроит е во топ 10 екипите на Истокот, има негативен скор од 9-14, а ниту учинокот на гости не оди во нивна полза. Пистонс имаат само две победи на вкупно 11 гостувања досега, така што нема да биде изненадување ако ноќеска не го добијат младиот состав на Њу Орлеанс.

Њу Орлеанс загуби само еден од последните пет меча во кои беше во улога на домаќин против Детроит, традиција која може да им помогне да излезат од кризата.

Предлог тип: 1 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести