Андоновски е деветти селектор на САД: Ова е огромно признание

Македонецот Влатко Андоновски е деветтиот селектор во историјата на женската репрезентација на САД, а ќе има тешка задача да ги задржи новите светски шампионки на врвот на светскиот фудбал.

Признанието за 43-годишниот наш тренер е огромно, а веќе и официјално Андоновски е назначен за нов селектор на САД. Одлуката ја донесе Управниот одбор на Американската фудбалска асоцијација, а ја соопшти претседателот Карлос Кордеиро.

Утре во Њујорк ќе има и официјална промоција на Андоновски во нов селектор на светските шампионки. Влатко имаше многу успеси во САД, а со Канзас сити освои две титули.

„Ова е големо признание за мене. Им благодарам на претседателот Кордеиро и на сите останати што имаа верба во мене. Ова е и голема обврска во име на сите селектори што напорно работеа да создадат една богата традиција на женскиот фудбал во САД. Ветувам дека ќе работам напорно за да останеме во врвот на светскиот фудбал“, изјави Андоновски.

- Оглас -

Најнови вести