Њујорк никс доби нов тренер

Том Тибодо ќе го предводи Њујорк никс во наредните пет години. Ангажманот во култниот „Медисон сквер гарден“ ќе биде трет ангажман за Тибодо во својата кариера, односно прв од јануари 2019 година откако се раздели со Минесота тимбервулвс.

Тибодо своевремено беше прогласен за најдобар тренер во НБА лигата во 2011 година, како предводник на Чикаго булс каде што работеше до 2015 година.

Никси имаа избор меѓу Тибодо и Џејсон Кид, кој се падна на поискусниот стратег со кого франшизата ќе се обиде да воскресне и да тргне по добар пат.

Пред прекинот на сезоната во НБА лигата, Њујорк стоеше на 12-тото место во Источната конференција со учинок 21-45, што не беше доволно за екипата да се најде меѓу 22 учесници во рестартот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести