Њукасл е главен фаворит на прогнозерите – Типувајте и вие во 14. коло на Спортска прогноза

Њукасл е главен фаворит на учесниците во 14. коло на Спортската прогноза, а дури 76 проценти од досега вклучените учесници типуваат на единица на „Сент Џејмс парк“ каде гостин е Саутемптон.

Тој пар е вклучен во основната програма од 13 двојки за актуелното 14. коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија, а не е доцна и вие да се вклучите.

Време за вашите прогнози има до 15.30 часот кога почнува првиот меч што е на основното мени од 13 двојки. На „Шварцвалд“ арена Фрајбург ќе му биде домаќин на Волфбсург во дуелот на Бундеслигашите.

И, ако Њукасл е огромен фаворит барем според вашите прогнози, изненадувачки е дека се очекува извесно дерби во Манчестер со сигурна победа на Сити против Јунајтед. Таа двојка е прв резервен пар, а дури 83.8 посто прогнозери запишаа единица. Можно ли е Јунајтед да донесе радост на црвената страна од градот, а во таков случај поенот би имал огромна вредност во битката за Генералниот пласман.

Одлучете вие и секако приклучете се на нашата бесплатна игра што нуди многу награди. Во тек е втората сезона со 14. коло, а се уште го чекаме првиот фудбалски велемајстор што ќе ги погоди сите 13 двојки во иста рунда и ќе го добие прекрасниот „IPhone XS“. Вреди да се игра, особено што типувањето на Спортската прогноза е многу едноставно и нема да ве чини ништо.

И битката во Генералниот пласман каде се сметаат поените и од резервните двојки станува многу интересна. Можно е веќе по ова коло да го имаме првиот учесник што ќе ја мине магичната граница од 100 поени.

Лидерот Петре И. има 92 поени, зад него се Никола Д., Филип С. и Васко Ј. со по 91 поен, а во топ-10 разликата од врвот до десетиот е само два поени.

И тука наградите се привлечни, а шампионот ќе добие Смарт ТВ од 48 инчи на крајот од сезоната. Играта е интересна, лесна, бесплатна, па можете да се забавувате и да очекувате награди од Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести