Њукасл го добива првото големо засилување – Мегаѕвездата на ПСЖ доаѓа за 240 милиони евра

По елиминацијата од Реал Мадрид, на големо се шпекулира дека дримтимот на ПСЖ од наредното лето ќе биде растурен.

Мбапе е пред договор со Реал Мадрид, додека се бара и продажба на уште неколку играчи, а наводно меѓу нив е и Нејмар. Триесетгодишната мегаѕвезда на ПСЖ наводно е интересен за Њукасл, кој како најбогат клуб не би требало да има проблем да ги исполни барањата на Бразилецот.

Се споменува трансфер во вредност од 240 милиони евра за доаѓање на Нејмар во Англија, со што би се поставил нов рекорд од страна на еден тим од Островот. Во моментов сопственик на такво нешто е Манчестер јунајтед, којшто за враќањето на Пол Погба одвои 120 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести