Њукасл и Челзи без муниција по првото полувреме

Првото полувреме на дербито на 16-то коло во Премиер лигата меѓу Њукасл и Челзи заврши без голови.

Навивачите на „Сент Џејмс Парк“ гледаа тврд фудбал во првите 45 минути во кои поконкретнсе водеше голема борба на средината на теренот, но немаше ниту една шанса.

Ниту триото на Њукасл во нападот, ниту тоа на Челзи, не упатија ниту еден сериозен шут кон головите на Поуп и на Менди.

Црно-белите имаа поголем посед на топката, повеќе шутеви и корнери, но голманите на двете екипи, немаа многу работа.

Њукасл игра одлично сезонава и нема пораз на последните девет меча и се наоѓа на четвртото место на табелата додека Челзи е седми, а евентуален триумф на една од екипите ќе им овозможи да скокнат на табелата.

- Оглас -

Најнови вести