Њукасл ја почнува обновата со скап голман, понудата е испратена до Барселона

Њукасл сака да ја почне обновата на тимот во ерата на богатите газди од Саудиска Арабија со голманската позиција и веќе и понудија на Барселона 55 милиони евра за германскиот репрезентативец Марк-Андре Тер Штеген.

Досега „црно-белите“ односно новото раководство на клубот се обидуваше со богати понуди да привлече тренер и играчи, но не им успева, па можеби одличниот голман на Каталонците и на германската репрезентација ќе „повлече нога“ и ќе биде првото засилување во зимскиот преоден рок што следи.

Њукасл планира да направи голема реконструкција на екипата што моментно грчевито се бори за опстанок во Премиерлигата, а ги има набогатите газди во светот на фудбалот.

Шеикот Мохамед Бин Салман го купи клубот преку Јавниот инвестициски фонд, ПИФ, за 300 милиони фунти од Мајк Ешли и располага со оргомно богатство, па може да си дозволи и скапи трансфери.

Сега се чека одговорот на Барселона, дали ќе му дозволи на Тер Штеген да замине во Њукасл во преодниот рок што следи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести