Њукасл ќе биде главен ова лето: „Страчките“ имаат подготвено 450 милиони евра за трансфери (Фото)

Екипата на Њукасл по 21 година повторно ќе игра во Лигата на шампионите. Плановите на раководство се големиот успех од оваа сезона да не биде само случаен и подготвуваат жешко лето на трансфер-пазарот. Според списокот со желби, Њукасл подготвува да потроши неверојатни 450 милиони евра за трансфери.

На врвот на листата е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, чија проценета вредност е околу 80 милиони евра. Следува Нејмар, за кого Њукасл на ПСЖ би му платил околу 60 милиони евра.

Доколку сите овие трансфери се реализираат, Њукасл не само што може далеку да стигне во Лигата на шампионите, туку и сериозно да го загрози статусот на Манчестер сити како најдобар клуб во Англија.

- Оглас -

Најнови вести