Њукасл на нозе, Лигата на шампионите по две децении се враќа на „Сент Џејмс парк“!

Ремито без голови против Лестер беше доволно за Њукасл за првпат по 20 години да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Чавките можеа и да победат, трипати ја погодуваа стативата и пречката, но не дадоа гол. Од друга страна, Лестер е на прагот да испадне од англиската елитна лига по рекорден 12-ти пат.

Во последното коло, од трите загрозени тима, само еден ќе се спаси, два се селат во Чемпионшип, а изгледа тоа ќе бидат Лестер и Лидс, коишто имаат по два бода помалку од Евертон, кој ќе игра дома со Борнмут.

Лестер за првпат од ноември наваму не прими гол на премиерлигашки меч, но освоија само бод, пет кола немаат победа и со една нога се во понизок ранг.

- Оглас -

Најнови вести