Њукасл не се шегува, не знае за пораз од август, а сега го зеде скалпот на Челзи (Видео)

Фудбалерите на Њукасл продолжуваат со одличните игри во Премиер лигата и вечерва во дербито на 16-то коло го совладаа Челзи.

Чавките кои изминатово лето станаа најбогат спортски клуб откако беа купени од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, не знаат за пораз од 31 август кога загубија од Ливерпул, и во следните десет меча забележаа дури седум победи и само три ремија.

Притоа го зедоа скалпот на Тотенхем, додека немаа среќа на „Олд трафорд“ за да ги освојат трите бода и против Манчестер јунајтед.

Последната нивна жртва, Челзи е совладан со минимални 1:0 и тоа благодарение на голот на Џо Вилок во 67-та минута.

Со новите три бода, Њукасл сега има 30 бода и се наоѓа на третото место, со само два помалку од второпласираниот Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести