Њукасл подготвува тужба, од Милан се правдаат: “Не знаевме за проблемите на Тонали“

Италијанскиот репрезентативец, Сандро Тонали, заработи суспензија во времетраење од 10 месеци, бидејќи ги прекршил правилата во Италија и се обложувал на натпревари на кои биле под капата на Фудбалскиот сојуз на Италија, УЕФА и ФИФА.

Тонали прекршокот го направил додека бил член на Милан, а летово од таму направи трансфер во Њукасл за 60 милиони евра. Сега, премиерлигашот најавува тужба и ќе бара обесштетување од Милан, бидејќи според нив, од клубот знаеле за проблемите на фудбалерот, но сепак го продале.

Сепак, членот на Серија А се правда и вели дека за проблемот на Тонали дознале од медиумите.

– “Дознавме за Тонали од медиумите, знаеме само она што го прочитавме. Ништо друго не знаеме и не знаевме.“ – вела од раководството на Милан.

Сезоната за италијанецот е завршена, но тоа им создаде големи проблеми во екипата на Њукасл и сега ќе мора веќе во зимскиот преоден рок да бараат негова замена.

- Оглас -

Најнови вести