Њукасл смисли како да го измами финансискиот фер-плеј и да троши многу пари

Новите сопственици на Њукасл размислуваат да ги продадат правата за името на стадионот „Сент Џејмсис Парк“ и на таков начин клубот да си ги зголеми приходите, и да има можност и да потроши повеќе пари за трансфери, за да биде во согласност со правилата за финансиски фер-плеј.

Според „Дејли мејл“, ова може да се оствари само со согласност од фановите на Чавките. Идејата на Саудијците е во името на стадионот да продолжи да стои и „Сент Џејмс“ со некоја додавка на спонзорот кој би се нафатил на такво ребрендирање.

Во првите три сезони, клубот може да си дозволи да потроши околу 200 милиони фунти за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј. Газдите бараат начин како да ја зголемат таа сума која не е доволна за остварување на нивните амбиции.

- Оглас -

Најнови вести